SMS AdvertisingMMS AdvertisingE-mail AdvertisingUsers InfoAbout UsLog in to your AccountFrequently Asked Questions
Rules of WorkingClients InfoContact Us
ЗА НАС / INFO

Добродојдовте на веб-страната на АдвертСМС - првата мобилна маркетинг агенција во Македонија, регистрирана како АдвертСМС ДООЕЛ на 12.02.2008.

Во АдвертСМС ние континуирано работиме на обезбедување најдобар повраток на инвестиција, т.н. ROI (Return On Investment) за компаниите кои се рекламираат (нашите клиенти) и воедно се обврзуваме да го дистрибуираме поголемиот дел од заработката назад до нашите членови (корисници).

Имено, станува збор за најновиот тренд на рекламирање во светот кој зема се поголем замав – мобилниот маркетинг, т.е. рекламирањето и информирањето преку мобилен телефон.

Мобилната телефонија како медиум е поефикасна од телевизијата и радио поради едноставноста, брзината на доспевање до корисниците, како и неизбежниот контакт до таргетираните сегменти. Ова може да се докаже со едноставен пример – доколку некоја бизнис организација има некоја понуда, производ, услуга или информација таа се користи со горенаведените медиуми и други средства за да ја достави таа информација до крајните корисници. Меѓутоа,  не секогаш вистинските информации доспеваат до вистинските луѓе во вистинските временски периоди. Доколку преспиваат, доколку се на пат, доколку не им се гледа целиот рекламен блок, корисниците лесно можат да ја испуштат рекламната порака или информација наменета за нив објавена на телевизија, радио весник и сл. Во исто време, други луѓе, за коишто таа порака не е од никаква корист, по случајност можат да ја проследат и да изгубат време за нешто што не им е потребно. На тој начин губат сите, и фирмите и крајните потрошувачи. Со мобилниот маркетинг корисникот не треба да ја бара информацијата, таа го наоѓа него. Пораката ќе го чека во мобилниот телефон, без разлика дали е под тушот, дали спие или брза на работа/училиште. Пораката се испраќа само до таргетирани корисници, со што трошоците од непотребно рекламирање се намалуваат повеќекратно.     

Во АдвертСМС располагаме со детални информации за сите корисници внесени во нашата датабаза, бидејќи со потполнување на доброволната пристапница (анкета) тие овие информации ги даваат по сопствена волја. Анкетата е направена во согласност со Законот за Заштита на Лични Податоци.

Деталното познавање на нашите корисници и нивните интереси, ни овозможува да испраќаме само релевантни содржини, од кои ќе имаат корист и тие како крајни потрошувачи, и фирмите кои се рекламираат, нашите клиенти.

            АдвертСМС придонесува кон доближување на македонското општество кон светските стандарди.