SMS AdvertisingMMS AdvertisingE-mail AdvertisingUsers Info+Log in to your AccountFrequently Asked QuestionsRules of WorkingContact Us
Најчесто Поставувани Прашања

Зошто би биле платени да читате СМС/ММС/Е-маил/Звучни пораки?
Како корисник на мобилен телефон, Вие сте од огромна вредност за компаниите кои очајно го бараат вашето внимание и активно го сакаат вашиот интерес за да го купете нивниот производ. Ние ја цениме вашата желба за регистрирање како наш корисник. Ние разбираме дека често сте соочени со немање време и дека сакате максимално да го искористете вашето скапоцено време. Ние сакаме да ве ослободиме од дополнителен стрес со што ви испорачуваме информации кои вам ви требаат и кои се прилагодени кон вас.

За тоа што ви одземаме од вашето време, ние ве плаќаме да ги читате рекламите што ви ги праќаме. Придружете ни се денес и бидете сигурни дека ќе примате само релевантни информации за вас, и да, се разбира, пари! Започнете да заработувате пари без никаква инвестиција, и никакви купувања.

Овие посебни реклами ќе ви овозможат да останете во игра и да слушнете за најновите производи, исто така ќе ги знаете најновите и најдобрите понуди и најважно,  ви овозможува вие да ги знаете први. Некои од понудите пратени преку АдвертСМС не се достапни на ниедно друго место, дури ни на нивните веб страни. И покрај сето ова, ве плаќаме да ги примате овие информации без никакви обврски!

Како АдвертСМС функционира?
АдвертСМС функционира преку праќање реклами во форма на СМС/ММС/Е-маил и звучни на вашиот мобилен телефон. Рекламата ќе биде составена од понуди, намаленија, купони, новости и повеќе. Овие реклами ќе бидат поврзани со интересите кои ќе ги посочите за време на регистрирањето.

Кога ќе започнете да примате реклами?
Вие ќе примете реклами само кога компаниите ќе сакаат да се рекламираат кај вас. За ова да се случи, потребни се две работи:

    • Фирмите мора да сакаат да се рекламираат на АдвертСМС, кој е нов медиум. Бидејќи е нов медиум, компаниите им е потребно време за  да почнат да ни веруват. Некои дури и не се свесни дека АдвертСМС постои.
    • Компаниите кои сакаат да се рекламираат мораат да ве таргетираат вас. Компаниите таргетираат врз база на вашите интереси, локација, возраст, пол, занимање, и многу други карактеристики. Доколку не се вклопувате во нивниот критериум, тие нема да ви пратат порака.

Кога го избирате горна граница на пораки да биде 4, тоа е ваш избор. Тоа не значи дека вие сигурно ќе добивате 4 пораки секој ден. Тоа само значи дека максимум пораки што вие можете да ги добиете во еден ден е 4. Некои денови можеби нема да добиете ни една порака, а во други можете да добиете неколку, но според вашиот максимум.

АдвертСМС не тврди дека ќе ви прати одреден број реклами секој ден. Сфатете дека АдвертСМС е само медиум. Кога компаниите ќе сакаат да се рекламираат, вие ќе добиете реклама.

Немојте да бидете понесени од виорот. Сепак реалноста е: парите кои ќе ги заработете од АдвертСМС, во повеќето случаи ќе бидат колку да ги покриете вашите телефонски сметки. Вредноста на оваа услуга не е во парите кои ќе ги заработете директно од АдвертСМС, туку од вредните, важни информации кои ќе ги добиете.

Да бидеме реални, потребно е време додека да ги привлечеме компаниите да се рекламираат кај нас. Цел овој концепт е нов за Македонија. На почетокот ќе има малку реклами (колку долго? Можеби првите неколку месеци, не можеме да кажеме со сигурност). Сепак нашата препорака е: Имајте трпение, држете се до нас, ние правеме се што можеме да привлечеме компании да се рекламираат кај нас.

Страна 1 од 2         СЛЕДНА

Clients Info